Кинезите се страстени љубители на храната, но зачудувачки, при истите, многу ретко да постојат случаи на луѓе со прекумерена тежина или општо проблеми со вишокот килограми.

Нутриционистите велат дека нивната тајна се состои во традиционален систем на хранење, кој послужил како основа за создавање на најдобрата кинеска диета, која претставува совршен баланс меѓу протеини, масти и јаглехидрати.

Кинеска диета за вечно совршена фигура

Со оваа чудесна диета, секогаш ќе бидете полни со енергија, а при тоа кинеската диета има за цел да им овозможи на луѓето и да им осигура дека и на 60 години ќе останат слаби.

Според правилата на диетата, не можете да консумирате сол, шеќер, алкохол, леб како и други производи од брашно. Се препорачува да се пие само зелен чај, варена или минерална вода. Благодарение на истата може да изгубите 3-4 килограми на неделно ниво.

Мени за 7 дена

Понеделник

  • Појадок: Зелен чај со бисквити
  • Ручек: Порција од варен аспарагус, 150 гр варена риба, половина парче полонозрнест леб и 1 чаша минерална вода
  • Вечера: Салата од моркови со зејтин и 2 варени јајца

Вторник

  • Појадок: Салата од свежа бела зелка и 1 чаша минерална вода
  • Ручек: 4 супени лажици варен ориз, 150 гр салата од рендани свежи моркови зачинети со зејтин и 1 чаша минерална вода
  • Вечера: 150 гр варена риба, мало парче полнозрнест леб со домат и марула

Среда

  • Појадок: Салата од рендани моркови, зачинета со сок од лимон или половина лажица мед и 1 шолја зелен чај
  • Ручек: Варена или печена риба (може да се консумира и до 500 гр) и 1 шолја доматен сок
  • Вечера: Варено пилешко филе и 1 шолја кефир

Четврток

  • Појадок: 1 чаша јаболков сок, јаболко, портокал и 1 парче двопек
  • Ручек: Варен аспарагус со ориз и босилек, јаболко и мало парче црн леб
  • Вечера: 2 варени компири, 200 гр варена риба и мало парче леб

Петок

  • Појадок: Оризова каша и 1 чаша минерална вода
  • Ручек: Варена риба, салата од бела зелка и 1 чаша минерална вода
  • Вечера: Јаболка во неограничени количества

Сабота

  • Појадок: Салата од моркови, 1 шолја зелен чај и 1 парче двопек
  • Ручек: Магдонос испржен во мало количество на сончогледово масло и јаболка
  • Вечера: 150 гр печено месо, зелена салата и портокал

Недела

  • Појадок: Овошна салата и 1 чаша минерална вода
  • Ручек: Ориз со парчиња овошје и 1 супена лажица мед и 1 чаша минерална вода
  • Вечера: Печена риба и салата од морски плодови или зеленчук

Кинеската диета, како и секоја диета, има своите одредени негативни ефекти, бидејќи недостатокот на сол може да доведе до дехидратација, па затоа пред започнување на истата, консулитрајте се со вашиот лекар.

Во денот, по крајот на диетата, Кинезите советуваат да се консумираат до 5 порции од различни видови на овошје и зеленчук.