Првите 1,5 литри од овој напиток треба да се испијат пред 16:00 часот – За кратко ќе ја видите неверојатната разлика во килограмите
Не заборавајте дека водата е клучна кога станува збор за слабеењето. Возрасен човек треба да пие од 1,5 до 2 литри на ден, а притоа првите 1,5 литри треба да бидат испиени до 16:00 часот.
Со цел водата да биде поефикасна за слабеење, денес ви откривме домашен рецепт благодарение на кој ќе го прочистите вашиот организам од токсини и брзо ќе се ослободите од несаканите вишок килограми.
„Саси“ вода
Потребни состојки
- Чиста вода
- 1 лимон
- 1 краставица
- Малку нане
- 1 супена лажица свеж исечен ѓумбир
Начин на подготовка
Најпрво, неопходно е сите состојки да бидат измиени. Излупете ја краставицата и исечете ја на тенки парчиња. Потоа, исечете го и лимонот на парчиња, без притоа да го лупите.
Поставете ги сите состојки заедно во претходно подготвен сад. Оставете го напитокот да отстои на ладно место во текот на ноќта. Овој напиток е неверојатно вкусен, а се пие во било кое време, особено во летните горештини.
Саси водата ќе ви помогне за неколку недели да се ослободите од вишокот килограми и да се вратите во топ форма!