Работи кои ги прават индиските жени за да ја зачуваат својата убавина и по младоста
Со својата органска храна и позитивни верувања, индиските жени се полни со знаење за природната убавина и за тоа што помага да изгледаме младо на која било возраст. Ние научивме како индиските жени го задржуваат младешкиот изглед и решивме да споделиме со вас.
1. Тие се природни.
Тие веруваат дека жените се убави онакви какви што се природно. Тие се држат настрана од каква било пластична хирургија или естетски медицински зафат.
2. Тие користат природни состојки за нега на кожата.
2 од главните органски состојки што ги користат за нега на кожата се куркумата и розата. Куркумата има антиинфламаторно дејство за кое се вели дека е корисно и за дигестивниот систем и за здравјето на кожата, додека за розата се знае дека ја смирува иритацијата и може да се користи во домашни креми за раце.
3. Тие сами прават шминка.
Жените во Индија не сакаат многу да користат шминка. Сепак, тие понекогаш прават своја органска шминка, која е нежна за кожата и има природен мирис.
4. Тие веруваат дека убавината доаѓа одвнатре.
Жените во Индија веруваат дека умот и телото се силно поврзани. Ако умот е опуштен и без стрес, тоа позитивно ќе се одрази на телото и ќе спречи болести. Тие медитираат и одвојуваат време за дишење и масажа.
5. Нивната локална храна игра голема улога.
Нивната органска храна им помага да одржуваат здрав начин на живот. Тие се се држат подалеку од преработена и ГМО храна. Докажано е дека овој начин на исхрана е ефикасен во спречување на многу болести.
6. Тие користат многу органски производи за коса.
Грижата за нивната коса започнува во рана фаза, бидејќи тие ги учат своите деца за тоа многу рано. Тие ја плетат косата и ѝ ставаат масло кога одат на училиште, а со текот на времето, таа станува долга и сјајна.