Работи кои може да ги научиме од децата
Брзате. Немате време за ништо. Целиот ден Ви е планиран. Дури не ви се објаснува зошто прво се мијат забите, а потоа се појадува. Зошто не може да спие уште пет минути и дека не му е потребен чадор, кога надвор пече сонце. Децата сакаат да се филозофи, и тоа ги забавува.
Во нивната глава се е различно, но тоа не значи дека не можеме да научиме нешто од нив .
Секој ден е нов почеток
И фала богу. Замислете ако нервозата за една играчка трае подолго. За децата еден ден може да содржи цела вселена, а следниот да се подготвени за уште една нова, различна, ослободена од тензиите и проблемите од вчерашната. Нема да биде лошо и возрасните да можеа така.
Креативноста заштедува време
Одамна сте откриле како е кога сѐ правите строго по рецепт. А колку работи може да се случуваат полесно и побрзо, ако пројавите малку имагинација и преземете определен ризик. Ако не верувате, погледнете како децата ќе ги заобиколат пречките, а Вие упорно се обидувате да ги спречите во тоа.
Успехот ги сака храбрите
Не ви е сеедно дали танцувате дома пред огледало или пред двесте души. Да не зборуваме дека пред огледалото се справувате сто пати подобро. За децата е апсолутно небитно, бидејќи не се плашат од неуспех или од понижување.
Смеата е лек за сѐ
Не за скршени чаши или за огребано колено. Но и солзите за тоа не помагаат многу. А смеењето ги прави мали и надминливи.
Секој може да е пријател
Потребни се само една голема насмевка, храбар чекор напред и подадена рака. Останатото се случува само по себе. Понекогаш и грст бонбони врши работа.
Секој е херој
Во фудбалот, во салата за уметност, во животот воопшто. За децата секој може да биде херој. А кај возрасните е посложено. Може да ги обвинат за самоистакнување или егоизам. Ги омаловажуваат успесите со надеж дека другите сепак ќе ги забележат.
Малите нешта се важни
Огризоците од јаболката се вистинско богатство. Малиот цвет е букет, конецот – бродско јаже. За возрасните сепак е важна сликата во целосниот интегритет. Дреболии се губат и никој нема време да ги гледа. А треба, тие навистина вредат. Понекогаш најголема среќа е мозаик од малку нешта. Само некој треба да го реши.