Работи во Исланд што се толку чудни ќе посакате да ги видите со свои очи
Исланд е најбезбедна земја во светот за живеење. Има навистина мала стапка на криминал и е дом на само 356.991 Исланѓани. Но тоа не е единственото што ја прави оваа земја уникатна. Таму, не само што можете да бидете сведоци на зачудувачка природна убавина, туку ќе бидете воодушевени од други интересни работи, како бебиња кои дремеат надвор на ладно и семафори со чудна форма.
Составивме список на работи што го прикажуваат животот во оваа северна земја, а може да бидат изненадување за секој странец.
1. Исланѓаните имаат апликација што им кажува дали се во роднинска врска со личноста со која излегуваат.
Бидејќи Исланд има многу мала популација и релативно мала имиграција луѓето таму имаат далечни братучеди за кои не се свесни. Па така, за да ги спречат браковите меѓу братучеди, тие измислиле апликација која користи база на податоци од „Книгата на Исланѓаните“, овозможувајќи им да откријат дали се роднини на забавен и едноставен начин.
2. Семафорите имаат црвени срца наместо црвени кругови.
Со цел да се подобри расположението на народот, исландскиот град Акуреири ги замени тркалезните семафори со оние во форма на срце.
3. Родителите често ги оставаат своите бебиња да дремат надвор на студ.
Исланѓаните веруваат дека спиењето на студ го зајакнува имунитетот на детето. Дури и на температури под нула, кога ќе дојде време за попладневна дремка, бебињата ги оставаат надвор.
4. Не се стемнува ноќе од 21 Мај до 30 Јули.
Околу летната рамноденица, во Северен Исланд и Вестфјорд, сонцето е видливо 24 часа. Во Рејкјавик (главниот град на Исланд), сонцето заоѓа неколку часа, но небото не се стемнува.
5. Исланѓаните под тротоарите имаат загреани водоводни цефки за да не треба да го чистат снегот.
Исланд е земја без снег на тротоарите. Но, тоа не е единствената придобивка што ја имаат од поставувањето на загреани цевки под земја. Тие исто така го олеснуваат одењето, заштедуваат пари за чистење снег и реновирање на улици и спречуваат несреќи.
6. Има „хотел меур“ каде што можете да ја поминете ноќта во природа.
Ова може да биде еден од најдобрите начини да уживате во природната убавина и во поларната светлина (северните светла) цела ноќ.
7. Нема комарци.
Температурата се зголемува и опаѓа многу брзо, а во еден зимски ден, луѓето можат да доживеат 4 сезони. И иако тука има над 1.300 видови инсекти, комарците не можат да ги преживеат неочекуваните температурни промени.
8. Ферментирана ајкула е исландска деликатес.
Хакарл (ферментирана ајкула) е традиционално јадење во Исланд. Ајкулата Гриендејл што се користи во ова јадење е отровна ако се јаде свежа. Исланѓаните го ферментираат месото и го оставаат да се исуши од 4 до 5 месеци.
9. Тие продаваат исландски воздух во конзерва во продавниците за сувенири.
Во случај да ви се допадне, може да си купите воздух.