Работниците во оваа компанија, кои работат од дома, ќе треба да постават камери во нивната спална соба
Вработените во една од најголемите светски компании изразија револт откако беа принудени да постават камери во нивните домови со цел да се следат нивните преформанси.
Во договорот издаден за вработените во март, компанијата Телеперформанс се обидува да постави камери во домовите на вработените со цел складирање и обработка на податоци собрани од членовите на семејството на работникот, вклучително и малолетници.
Компанијата има повеќе од 380.000 работници на глобално ниво и обезбедува аутсорсинг услуги за клиенти на некои од најголемите компании во светот, вклучувајќи ги Епл, Амазон и Убер.
Обидите на Телеперформанс да изврши притисок врз персоналот да го потпише договорот беа откриени од истрагата на Ен -Би -Си Њуз, кои се повика на шест засегнати членови на персоналот во Колумбија, каде Телеперформанс има 39.000 работници.
Еден вработен кој работи за Apple, коментираше: „Договорот овозможува постојано следење на она што го правиме, но и на она што го прави нашето семејство. Мислам дека е навистина лошо. Не работиме во канцеларија. Јас работам во мојата спална соба. Не сакам да имам камера во мојата спална соба“.
Во договорот исто така, се наведува дека вработените се согласуваат да ги споделат податоците и сликите поврзани со сите деца на возраст под 18 години.
Телеперформанс користи софтвер наречен TP Cloud Campus за да му овозможи на персоналот да работи од далечина на повеќе од 19 пазари. Промотивно видео за софтверот објавено оваа година објасни дека користи „вештачка интелегенција за следење на работата“ кај персоналот што работи од дома.
Во извештајот за заработка објавен во јуни, Телеперформанс истакна дека 240.000 од нејзините приближно 380.000 вработени сега работат од дома благодарение на производот TP Cloud Campus.