Работно катче од соништата: Канцелариите на Вог добија нов модерен изглед по повод “Неделата на дизајнирањето”
“Салон де Мобил”, годишниот саем за дизајн во Милано официјално е во тек. А за неговото прославување, италијанскиот Вог ги отвори своите врати и им посака ‘Добредојде’ на модерните и шик промени. Во прилог ѕирнете како изгледаат сега трансформираните канцеларии.
Модната библија, при своето седиште во Италија, побара 8 светски креативни сили т.е реномирани брендови и дизајнери за ентериер: Дејвид/Николас, Масимилијано Локатели, Пјер Мари, Ана Краш, Рафаел де Карденас, Џонатан Андерсон, Сторагемилано и Студио Проба, да ги трансформираат канцелариирите и на сите поеднични простории да им дадат изглед како што доликува на едно врвно модно списание.
Проектот беше наречен “Животот во Вог”, а резултатот беше комбинација од врвна мода, префинета естетика, софистициран дизајн, функционалност и забава!
“Изложбата” е отворена за јавноста од денес, па се до 12-ти Април, а еве како изгледаше врвната трансформација што сега е работно катче и сон на сите нас.