Раѓањето не е случајност, детските души ги избираат своите родители
Според Хиндусите, раѓањето не е случајност: Детските души сами ги избираат родителите. Како се случува тоа?
Според некои истражувња, многу родители раскажуваат дека кога нивните деца научиле како правилно за зборуваат, често раскажувале за некаков друг живот. Со нецелосно развиена способноста за распоредување на мислите, децата успеваат да опишуваат друг живот.
Понекогаш нивните приказни се пропратени со конкретни детали, кои може да се проверат. Односно, и покрај сосема различниот јазик и врменско растојание, детето раскажува за животот на друг човек, кој момент на раскажување на приказната, повеќе не бил меѓу живите.
Идејата за повторното раѓање им била само позната на Хиндусите, а некогаш таа филозофија владеела со цел свет, а сега бројни истражувања се обидуваат истата да ја докажат.
Мајките кои биле вклучени во таквите проекти, објаснуваат дека нивните деца, кои се во рана фаза на развој, често раскажуваат за нивниот минат живот, како се избрале самите себе и како ги избрале нивните родители.
Многу често таквите изјави се препишуваат на детската фантазија, а било забележано дека по 4-та година, без причина, таквите разговори целосно изчезнуваат, а по 7-та и 10-та година, нема ниту траг за такви спомени.
Еве што раскажува една мајка на 3-годишно момче:
„Еднаш, додека бевме во кујната, решив да го забавувам мојот син со семејните фотографии. Во еден момент, мојот син се приближи до мене, држејќи стара фотографија, на која јас бев помлада, а стоев до мајка ми, која почина пред да се роди мојот син и ми рече:
– „Мамо, јас се сеќавам на овој твој фустан. Сè уште ли доцниш секогаш за градскиот превоз како тогаш?“
Го прашав дали тоа го слушнал од неговиот татко, но потоа ми објасни дека ме видел одозгора, кога ме претставиле пред него и кога рекол дека јас ќе му бидам мајка.
Тој наш разговор ми остана во сеќавање, а потоа започнав да прашувам и други мајки, чии деца беа мали, а некои од нив споделија дека имале слични искуства.“
Според мајката, и други жени споделиле дека нивните деца во одредени моменти изјавувале невообичаени работи. Така на пример, една жена споделила дека нејзината ќерка изјавила дека некој старец со црна брана ја поздравува нејзината мајка, а тој старец всушност бил нејзиниот прадедо.
Други родители откриле дека нивниот син објаснил дека пред да се роди, пред него биле поставени екран со мажи и жени, за да ги избере своите родители.
Според верувањето на Хиндусите, луѓето доаѓаат на Земјата испратени од ангелите, а децата пред да се родат сами ги избираат своите родители.