Рајска мека торта без печење – Совршена конкуренција на тирамису која се топи во уста
На следниот десерт ретко кој може да му одолее. Станува збор за исклучително лесна торта без печење од бисквити и банани со кисела павлака. Толку е мека и нежна, што едноставно се топи во уста. Еве што ви е потребно за истата!
Рајска мека торта без печење
На следниот десерт ретко кој може да му одолее. Станува збор за исклучително лесна торта без печење од бисквити и банани со кисела павлака. Толку е мека и нежна, што едноставно се топи во уста. Еве што ви е потребно за истата!
Servings: 4
Ingredients
- 500 гр бисквити
- 1 кг банани
- 450 гр кисела павлака
- 400 мл вода
- 20 гр желатин
- 2 кафени шолји шеќер
Instructions
- Добро измешајте го желатинот во ладната вода, оставете го да се раствори на водена пареа додека ја мешате смесата. Оставете го да се излади.
- За кремот, измешајте ја киселата павлака со шеќерот и добро изматете со миксер, додека да добиете соединета смеса, а потоа додадете го изладениот желатин, добро измешајте и покријте го садот со проѕирна фолија или капак и поставете го во ладилникот.
- Исечете ги бананите на парчиња и садот во кој ќе ја сместите тортата, покријте го со фолија, а одзгора поставете слој од бисквити. Врз нив поставете ги бананите, а одозгора нанесете ја павлаката.
- На овој начин и редослед, пригответе ја целата торта и на крај прелејте ја со остатокот од кремот. Покријте го садот со проѕирна фолија и складирајте ја тортата во ладилникот на неколку часа или уште подобро, во текот на целата ноќ.