Ракот кој речиси секогаш се открива кога веќе е премногу доцна и кој ги испраќа канцерогените клетки кон другите органи
Ракот на панкреасот е го зазема 12-то место во светот по малигни патолошки заболувања и 7-то место по стапката на смртност, откриваат најновите статистички податоци.
И покрај огромниот медицински напредок и развој на полето на раното откривање и превенциите, ракот на панкреасот речиси секогаш се открива во доцна фаза, кога веќе се проширил и кон останатите внатрешни органи, што го прави еден од најсмртоносните видови на рак.
Што претставува рак на панкреас?
Ракот на панкреасот претставува раст на атипични клетки кои навлегуваат и ја оштетуваат структурата и функцијата на органот. Овие клетки исто така ја имаат способноста да се распространат и кон други органи во телото, оштетувајќи ги истите.
Симптоми на рак на панкреас
- Недостаток на апетит е неспецифичен признак на самиот почеток од болеста
- Болка во горниот дел од стомакот. Истите може да варираат, како по интензивност, така и по честота
- Болка во средина од грбот со тешка интензивност
- Нерасположеност, која исто така е неспецифичен симптом, а може да продолжи неколку месеци до откривање на болеста
- Слабост или хроничен замор
- Треска која не е поврзана со инфекции и настинки и обично трае подолг временски период, пр. 5 дена
- Чести епизоди на гадење
- Подуеност на стомакот
- Драстично слабеење
- Нарушена толеранција на глукоза.
- Дијабетес
Фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на овој вид на рак
- Прекумерена телесна тежина
- Пушење на цигари
- Хроничен панкреатит
- Членови од семејството со рак на панкреас
- Дијабетес