Ражничи во рерна, кои се топат во уста – „Дома немаме скара, но ги правам повкусни од било кога!“
Обожавате ражничи, но немате соодветна скара за да ги подготвите истите? Без грижи, денес со вас споделуваме златен рецепт со кои ражничите ќе бидат повкусни од било кога!
Ражничи во рерна, кои се топат во уста – Дома немаме скара, но ги правам повкусни од било кога!
Обожавате ражничи, но немате соодветна скара за да ги подготвите истите? Без грижи, денес со вас споделуваме златен рецепт со кои ражничите ќе бидат повкусни од било кога!
Servings: 4
Ingredients
- 1 кг свинско месо
- 4 домати
- 3 кромиди
- По вкус сол
- По вкус мелен црн пипер
Instructions
- Исечете го свинското месо на парчиња со размер 4-5 цм. Додадете сол и мелен црн пипер кон месото, како и од вашите омилени зачини.
- Кромидот, исечен на 4 дела, разделете го на неговите слоеви и додадете го кон месото.
- Излупете ги доматите и изрендајте ги. Може да го додадете и нивниот сок кон месото.
- Оставете го месото во смесата 30 минути, за да може правилно да се маринира.
- Земете дрвени стапчиња и на истите поставете ги парчињата месо заедно со кромидот.
- Земете плик за печење и во истиот поставете ги приготвените ражничи. Поставете ги истите во еден ред, за да го овозможите печењето подеднакво од сите страни.
- Загрејте ја рерната на 200°C и поставете ги ражничите да се печат 40 минути.