Ред домат, ред тиквички, ред модар патлиџан, а одозгора кашкавал кој се топи во уста- Хит рецепт за ова лето!
Во летниот период, скоро сите сакаат некој лесен ручек, но сепак истовремено хранлив, а тоа е сосема нормално, земајќи ги во предвид високите температури надвор.
Затоа и денешниот рецепт можеме да го наречеме хит за ова лето. Тој е многу едноставен, неверојатно вкусен, бидејќи ги проширува видиците на кулинарското експериментирање: Лесно може да ги промените состојките по ваш вкус, како и начинот на сечење.
А што може да биде подобро од сочни шарени зеленчуци во стилот на Прованса, со прилог од француски багет и чаша розево вино.
Предлог ручек за денес е токму таа совршена и вкусна идила, приготвени зеленчуци, испечени со растопен кашквал одозгора- вкус поради кој ќе заборавите на високите температури, а воедно ручек кој нема да му наштети на вашето тело и фигура
Потребни состојки
- 1 тиквичка
- 1 модар домат
- 4 црвени домати
- 100 гр кашкавал
- 20 гр босилек
- 4 чешниња лук
- 2 супени лажици масло за готвење
- Зачини, мелен црн пипер и сол по ваш вкус
Начин на подготовка
Тиквичките, црвените и модрите домати се мијат и потоа се сечат на тенки кругови, со дебелина од 0.5 цм.
Едната половина од кашкавалот насечете ја на тенки кругови, додека пак, преостанатата половина од кашкавалот изрендајте ја.
Садот за печење премачкајте го со маслото за готвење и поставете ги зеленчуците во вертикална положба, редејќи ги круговите еден по друг: Круг модар домат, круг црвен домат, тиквичка и кашкавал и сè така додека не ги потрошите состојките.
Пригответе го сосот: Измешајте 2 супени лажици масло за готвење, зачин, сол, мелен црвен пипер и додадете ги свежиот босилек и лук.
Добиената ароматична смеса нанесете ја врз зеленчуците и ставете ги да се печат во времетраење од 20 минути, во загреана рерна на 180°C.
Потоа извадете го садот од рерна, нанесете го ренданиот кашкавал врз зеленчуците и вратете го садот во рерна, на печење во времетраење од дополнителни 5 минути.