Рецепт долги години чуван во тајнoст: 100% природен и поефикасен од секое лекарство
Овој напиток е 100% природен и ги прочистува артериите од токсини, хемикалии и масти, кои сериозно може да го нарушат нашето целокупно здравје доколку останат подолго во организамот.
Исто така, напитокот штити од настинки и грип, го регулира протокот на крв, го прочистува црниот дроб и го намалува дејството на слободните радикали.
Моќен наптиок за обновено и зајакнато здравје
Потребни состојки
- 8 чешниња лук
- 8 парчиња лимон (2 лимона)
- Корен од ѓумбир (4-5 цм)
- 4 литри вода
Начин на подготовка
Започнете со миење и чистење на ѓумбирот, а потоа истиот исечете го на мали парчиња. Истото направете го и со лукот. Следно, поставете ги овие состојки во блендер, заедно со лимоните (целосно со нивната кора).
Добро измешајте до добивање на хомогена смеса, а потоа додадете и 4 литри вода. Добиената смеса додадете ја во тенџере и поставете ја да се вари на умерен оган. Почекајте да зоврие, а потоа оставете на страна и оставете да се излади.
Прецедете ја течноста и складирајте ја во стаклени шишиња или тегли.
Начин на употреба
Консумирајте го овој напиток секој ден, најмалку 2 часа пред оброкот. По извесно време ќе ги забележите неверојатните резултати.