Рецепт кој помага при воспалено грло и крајнци
Овој едноставен традиционален рецепт од Русија со сигурност ќе Ви помогне да се справите со воспаленото грло и крајници.
Состојки:
– 1 големо парче цвекло
– 9% алкохолен оцет/киселина
Подготовка:
Цвеклото се ренда на ситно ренде. На 250 грама цвекло додадете 1 лажица оцет. Се меша и се остава да отстои 15 до 20 минути. Се цеди низ газа а цвеклото се фрла. Со течноста испирајте го грлото на 2-3 часа, а можете и да ја голтнете течноста.