Рецепт од метеоролог: Како да го одмрзнеме стаклото на автомобилот за 2 секунди
Со настапувањето на студеното време, вообичаена глетка во утринските часови се замрзнатите стакла на нашите автомобили. Во продолжение ви откриваме како без труд, да го решите овој проблем.
Рецептот ни го открива американскиот метеролог Кен Вордс, од Тенеси, САД.
Како да ги одмрзнеме стаклата на автобомилот за 2 секунди
Иако повеќето луѓе одделуваат многу време и гориво, за да го затоплат автомобилот или пак, користејќи остар предмет се обидуваат да го отстранат замрзнатиот слој, денес ви откриваме еден многу полесен начин.
Што е потребно да направите?
Измешајте една третина вода со две третини изопропил алкохол (изопропанол). Наполнете ја добиената течност во шише – спреј и напрскајте го растворот врз секоја површина од вашиот автомобил која е покриена со леден слој, а истиот пред ваши очи, веднаш ќе исчезне.