Чир на желудник (гастичен улкус) е оштетување на слузокожата на желудникот. Стресот, начинот на исхрана, односно грубата неџвакана храна, екстремно топла или ладна, зачинета, како и алкохолни пијалаци, пушење и претерана количина кафе, можат да бидат причини за појава на чир во желудникот. Исто така и честото консумирање на лекови може да доведе до оваа болест.

Состојки

  • 1 литар домашно квалитетно црвено вино
  • 10 лажици листови и корен од коприва,
  • 1 лажица пелин
  • 1 лажица смрекини бобинки
  • 3-4 лажици домашен мед

Оваа мешавина се става во 1 литар домашно квалитетно црвено вино да отстои 12 часа. Потоа се додаваат 3-4 лажици домашен мед и се вари околу половина час. Се чува во затворен сад додека не се олади. Консумирајте секој ден пред јадење поедна супена лажица.