Анемија, позната под името слабокрвност е нарушување кое се појавува во случај на поголемо губење на крв намалено производство или прекумерно уништување на црвените крвни клетки. Постојат повеќе домашни лекови за лекување на анемијата, која што доколку не се лекува може да доведе и до други сериозни здравствени проблеми. Овој рецепт и вкусен и ефикасен и нема да Ви претставува проблем да го консумирате.

Состојки:

– 200 милилитри мед
– 200 грама ореви
– 200 грама суво грозје
– 200 милилитри сок од моркови
– 200 милилитри сок од цвекло
– 2 лимони

Подготовка:

Првин двата лимони преполовете ги и исчистете ги од семки, потоа сомелете ги со кората или без неа. Во таа смеса додадете го медот, цедениот сок од цвеклото и морковите и промешајте. За крај во смесата додадете ситно сецкани ореви и суво грозје. Оваа смеса чувајте ја во тегла.