Рецепт за деновите пред плата: Јајца на швајцарски начин- Брз, евтин и специјалитет за секоја пригода
Јајцата приготвени на швајцарски начин се одлична идеја за секојдневното мени, но и особено во деновите пред плата, бидејќи станува збор за евтин рецепт, но со неверојатен вкус!
Јајца на швајцарски начин
Потребни состојки
- 2 супени лажици путер
- 4-5 парчиња бел леб
- 250 гр кашкавал (Може или сирење)
- 4-5 јајца
- Сол, мелен црн пипер и мелен црвен пипер по ваш вкус
Начин на подготовка
Најпрво се премачкува садот за печење со путер, а потоа одозгора се редат парчињата леб. Следно, изрендајте ги кашкавалот и шунката и нанесете ги врз лебот.
Потоа направете вдлабнатина во секое парче леб и во секоја скршете по едно јајце. Одозгора, посолете со мелен црн и мелен црвен пипер, како и сол, а потоа поставете го специјалитетот да се пече.
Потребно е рерната да биде вклучена на умерена температура, за да не се препечат производите.
Пријатен апетит!