Рецепт за домашниот напиток со кој Меган Маркл го започнува денот и со кој се врати во форма по породувањето
Во случај да не сте знаеле, Меган Маркл е одличен готвач. Сепак, само нејзините најблиски пријатели имаат можност да ги пробаат нејзините специјалитети.
Иако е познато дека Меган Маркл најмногу ги сака јаглехидратите, здравата храна сепак е нејзин приоритет. Нејзиниот негуван изглед и витка линија се должат на посебен режим, а голема заслужност за тоа има и следниот домашен напиток.
Благодарение на истиот, војвотката се врати многу брзо во форма по породувањето, а со истиот го започнува секој нејзин ден. Прочитајте во продолжение како може да го приговите:
Домашниот напиток за слабеење на Меган Маркл
Потребни состојки:
- Пире од акаи (овошно пире од замрзнати бобинки на акаи)
- 1/3 шолја бадемово млеко
- Половина банана
- Замрзнати бобинки
- Кокосови снегулки
Начин на подготовка:
Додадете акаи пире, 1/3 шолја бадемово млеко и половина банана во блендер и добро измешајте ги состојките, до добивање на кремаста смеса, а потоа истата додадете ја во друг соодветен сад, односно чаша. На крај, одозгора нанесете ги кокосовите снегулки, замрзнатите бобинки и декорирајте со половина исечена банана.