Рецепт за намалување на холестеролот и спречување на крвни грутки
Тромбофлебитис е специфичната состојба која вклучува создавање крвни грутки или тромби на местото на воспалението. Овие грутчиња се причина за болка и надразнетост, а можат делумно или целосно да го запрат протокот на крвта низ зафатените вени. Исто така покаченото ниво на холестерол може да биде опасно за вашето тело. Овој рецепт помага во решавање на овие два чести проблеми кај луѓето.
Состојки
- сок од лимон (250милилитри или една чаша)
- пире од лук (250 милилитри)
- сок од ѓумбир (250 милилитри)
- јаболков оцет (1 чаша или 250 милилитри)
- 2 чаши мед
Измешајте ги овие состојки и варете на оган 30 минути, со мешање. Потоа оставете ја смесата да се излади и додадете ги двете чаи мед, па добро измешајте. Ставете ја смесата во стаклен сад или тегла и чувајте ја во фрижидер, каде што може да стои до 2 месеци. Консумирајте секој ден по една супена лажица од овој сок наутро на празен стомак.