Рецепт за сладок и едноставен десерт: Три во едно (торта, баклава и палачинки)
Со овој рецепт ќе ги израдувате Вашите домашни, но исто така кога еднаш ќе ја пробате тортата ќе посакате да направите уште. Состојките се евтини, рецептот е едноставен а вкусот незаборавен.
Потребни состојки:
За палачинки:
3 јајца
250 гр брашно
600-650 мл свежо млеко
Малку сол
За крем:
3 жолчка
125 гр шеќер
1/2 л свежо млеко
30 гр скроб
30 гр брашно
1/2 ванила стап
За сируп:
1 чаша вода
1 чаша шеќер
1 стап на цимет
3-4 парчиња лимон
Освен тоа:
300 гр ореви
2 кори за баклава
*чашата е 200 милилитри
1. Изматете ги јајцата со шеќерот, додавајте последователно брашно, млекото и малку сол. Оставете ја смесата да отстои 15 минути, а потоа од неа направете палачинки на стандардниот начин. Се разбира, можете исто така да направите палачинки со рецептот што го користите. Ќе ви требаат 13-15 палачинки.
2. Од жолчките, шеќерот, брашното, нишестето, млекото, ванилата сварете сладок крем. Ќе ви треба околу половина од дозата.
3. Подгответе сируп. Ставете го шеќерот и водата во тенџере додека да зовријат и додадете го стапчето цимет и варете уште 5-6 минути и на крајот додадете малку сок од лимон.
5. Потоа внимателно здробете го и истурете го во разладниот сируп.
6. Составете ја тортата. Земета ја палачинката, намачкајте ја со кремот од ванила и ставете 2-3 супени лажици мелени ореви. Потоа поклопете со друга палачинка и продолжете го процесот додека не заврши смесата.
7. Последната палачинка со крем, посипете ја со ореви и обвиткајте ја тортата со печена кора. Посипете со сецкани ореви и посипете со сируп.
8. Уживајте во прекрасниот, богат вкус на оваа неверојатна торта.