Рецепт за вкусна салата која ќе им помогне на жените да ги решат хормоналните проблеми и нарушениот баланс на естрогенот
Овој деликатес ќе ви овозможи да уживате во неговиот богат вкус, притоа задоволството ќе биде поголем, знајеќи дека истиот го подобрува вашето здравје и го нормализира нивото на хормоните.
Оваа салата е вистински лек кој произлегува од кујната на природата, а кој ќе ви помогне да ја вратите контролата врз вашето тело и воедно ќе го стабилизира нивото на естроген во вашиот организам.
Нарушениот баланс на естроген во телото може да резултира со отежнато губење на телесната тежина, депресија, тешка менструација, фиброиди, како и хипотироидизам или нарушена функција на тироидната жлезда, зголемен глад за слатка храна и јаглехидрати, а може и да се манифестира со задржување на течностите во организамот.
Со редовно консумирање на следната салата, ќе успеете значително да си го подобрите вашето здравје и да се ослободите од горенаведените симптоми!
Потребни состојки
- Грст рукола
- 2 рендани моркова
- 3 супени лажици рендано цвекло
- ½ шолја неприготвена брокула
- Свежи листови спанаќ
- Половина авокадо
- 1 супена лажица семки од тиква
- 1 супена лажица семки од сончоглед
- 1 кафена лажица ленено семе
- 4 супени лажици масло за готвење
- 2 супени лажици сок од лимон
- Малку хималајска сол
- 1 кафена лажица сенф
- 1 чешне лук
- Грст магдонос
Начин на подготовка
Во сад, се мешаат руколата, листовите спанаќ и магдоносот.
Потоа, додадете ги морковот и цвеклото, авокадото кое претходно е потребно да го исечете на мали коцки и истовремено додадете ја и брокулата. Одзгора нанесете ги и семињата.
Во друг сад, додадете го сокот од лимон, маслото за готвење и лукот. На крај во садот додадете ја солта и сенфот и добро измешајте ги состојките.
Така приготвениот сос полејте го врз салатата и добро измешајте.
Уживајте во пријатниот и богат вкус на овој здрав деликатес, кој набрзо ќе стане вашето омилено јадење.