Во еден сосема вообичаен фризерски салон во рускиот град Новосибирск, настана необичен скандал со една клиентка.

Анастасија ја сподели нејзината приказна на еден од најпопуларните руски портали, а според нејзините зборови, не само што фризерката й ја уништила косата со ужасна фризура, туку и й ја уништила облеката, а потоа вработените во фризерскиот салон се обиделе да ја наплатат нивната услуга.

Најинтересното во целата ситуација е тоа што персоналот се обидел да ја наплати услугата уште пред Анастасија да седне на столчето и воопшто да започне реализирањето на стрижењето.

Жената детално објаснила на својата фризерка каква точно фризура сака, а потоа следувал комплетен шок кога се свртела кон огледалото, здогледувајќи ја својата уништена коса, која била истрижена многу пократко отколку што Анастасија сакала.

Фризерскиот кошмар не застанал таму, односно кога фризерката се обидела да ја бојадиса косата на клиентката, оставила траги од бојата на облеката, уништувајќи ја и нејзината блуза.

Веќе било доцна да се поправат грешките, при што Анастасија побрала да й бидат вратени парите, но вработените веднаш ја одбиле и не прифатиле.

На крај, вознемирената жена повикала полиција, со што било откриено дека фризерскиот салон ги немал потребните работни дозволи, а самите фризерки работеле без договори.