Рибари нашле богатство кое ќе им го промени животот на неочекувано и одвратно место
Група јеменски рибари открија богатство вредно милион долари на неочекувано место, во стомакот на труп од кит.
Триесет и пет рибари пловеле во Аденскиот Залив кај брегот на Серија во јужен Јемен кога наишле на пловечки труп од кит.
Кога го пресекле трупот, тие откриле восочна материја налик на црна тиња. За било кој друг ова изгледа само на одвратен хаос, но овие рибари брзо сфатиле дека наишле на вреден амбергирис.
Амбергирис е течност формирана во дигестивниот систем китовите. Има сличности со фекалните материи, и за жал една од сличностите е мирисот, но амбергисот е многу ретка и многу посакувана супстанца.
„Штом се приближивме до него, се чувствуваше силен мирис и имавме чувство дека овој кит има нешто“, изјави еден од рибарите.
„Никогаш не очекувавме дека оваа работа ќе ни донесе огромна сума пари“, додаде тој.
80% од населението во Јемен живее под границата на сиромаштијата како резултат на долгогодишната блокада и тековната граѓанска војна. Ова откритие дефинитивно ќе го промени животот на рибарите и нивните семејства.
Се смета дека само помеѓу 1-5% од китовите произведуваат амбергирис , што го прави ова откритие навистина уникатно. Продажбата на амбергирис е забранета во многу земји покрај другите ограничувања за лов на китови, но за среќа на оваа група морнари, тие беа во можност да заработат од своето неверојатно откритие.