„Родив син, а подоцна мојот сопруг Бојан дозна дека е неплоден“
Санела реши јавно да ја сподели својата приказна и покрај тоа што знае дека многумина ќе ја осудат.
Жената посакувала да има дете од својот сопруг, кој многу го сакала. Желбата стана реалност, но на начинот на кој таа планираше.
Следува вистинска приказна која се случила во соседна Србија:
„Пред да се омажам, бев многу весела девојка, секогаш спремна да флертува. Пред својот сопруг, бев во врска со едно момче, кое подоцна се пресели во Сараево и јас многу тагував по него. Кога ја започнав врската со мојот сегашен сопруг Бојан, односот ни беше здодевен и комплициран, при што јас едноставно сакав да избегам од него и така раскинавме.
Живеев во мало село, па раскинување наместо брак, таму се сметаше за срамота. Но, јас не се грижев многу и избегав со човек од соседното село. Отидовме во Белград, каде што живеевме извесно време. Но, еден ден ме посети Бојан. Започна да плаче, ме молеше да му се вратам, ми велеше дека многу ме сакал…
Му се вратив. Му се вратив бидејќи чувствував вина што претходно така му раскинав, а воедно и размислував дека има карактер кој сепак можам да го издржам. Сметав дека треба да се смирам, бидејќи поинаку никој никогаш нема да ме сака. Тогаш имав 25 години.
Сега времињата се смениле, денес е различно, тогаш беше поинаку. Не очекував многу од нашата врска, едноставно ми беше сеедно.
Потоа се трудевме да добиеме дете. Секогаш имавме односи без заштита, но јас никогаш не останав бремена. Бев очајна, а и Бојан страдаше заедно со мене. На крај, бевме како двајца пријатели во врска.
Во меѓувреме војната започна и бегалците дојдоа во нашето село. Тогаш се врати и мојата најголема љубов од Сараево. Токму тогаш кога јас и Бојан требаше да стапиме во брак.
Вечерта пред свадбата, спиев со љубовта на мојот живот. Откако ми прости што не сум го чекала, започнавме да се гледаме често, иако јас сега веќе бев омажена жена. И така…Некаде во текот на 1995-та година, јас останав бремена.
Родив син. На никој никогаш не кажав чие е детето. Мислев, никој нема да забележи, но како што синот растеше, така сè повеќе личеше на неговиот вистински татко. Сестрата на мојот сопруг започна да се сомнева, а јас имав претчувство дека вистината ќе се дознае. Но, јас одбив да размислувам за тоа и се фокусирав целосно на своето дете. Тој порасна во прекрасно момче.
По неколку години, мојот сопруг се разболе и по бројните лекарски прегледи, воедно дозна дека е неплоден. Тој ден никогаш нема да го заборавам. Си дојдов дома, тој ме чекаше во дворот. Погледот му беше поразличен. Го прашав што се случува, а тој само ми рече дека му простува.
И двајцата плачевме долго време, но на крај Бојан одлучи тоа да го задржиме како наша тајна, бидејќи нашето семејство е среќно и таа среќа не треба да ја уништуваме.
Но, потоа следуваше огромна непријатност. Дозна и семејството на Бојан и започна да ме избегнува и да го избегнува мојот син, како да не сме ниту роднини, не сакаа да нè погледнат. Боли, многу боли…“