Ролат од тиквички, кашкавал и неколку јајца – За неколку минути, ќе имате идеално летно јадење кое се топи во уста
Ролатот со тиквички може да се рече дека е едно од најсовршените летни јадења! За време на топлиот ден или ладната вечер, овој сочен вкус супер би му дошол на секој од нас!
Ролат од тиквички, кашкавал и неколку јајца
Ролатот со тиквички може да се рече дека е едно од најсовршените летни јадења! За време на топлиот ден или ладната вечер, овој сочен вкус супер би му дошол на секој од нас!
Servings: 4
Ingredients
- 2 тиквички
- 4 јајца
- 60 гр кашкавал
- 250 мл крем сирење или урда, може и кисела павлака
- 1 чешне лук
- По вкус магдонос, сол и мелен црн пипер
Instructions
- Половина од тиквичките исечете ги на кругови, а другата половина крупно изрендајте ја.
- Кон изренданите тиквички додадете ги јајцата, солта и мелениот црн пипер и крупно изренданиот кашкавал и добро измешајте ги сите состојки заедно.
- Покријте го садот со хартија за печење и рамномерно насекаде нанесете од смесата од тиквички. Одозгора поставете ги тиквички исечени на кругови.
- Загрејте ја рерната до 190°C и поставете ја основата за ролатот да се пече 20 минути. Откако ќе се испече, оставете ја да се излади, а потоа внимателно одделете ја од хартијата.
- Во меѓувреме пригответе го филот. Оставете го крем сирењето или урдата да се размрзне во текот на ноќта, а потоа кон истото додадете исечен лук, зачини, сол и мелен црн пипер.
- Нанесете ја добиената смеса рамномерно насекаде врз основата од тиквички и завиткајте го ролатот.