Ролат со малини: Бисквитно тесто со овошен вкус – Летен десерт кој освежува и воодушевува!
Малините се едни од најароматичното сезонско овошје. Покрај тоа што се корисни за нашето здравје, благодарение на истите, може да се подготвата едни и од највкусните летни десерти!
Малините се едно од најароматичното сезонско овошје. Покрај тоа што се корисни за нашето здравје, благодарение на истите, може да се подготват едни и од највкусните летни десерти!
Servings: 4
Ingredients
За пандишпанот
- 125 гр шеќер
- 4 јајца
- 125 гр брашно
- За премачкување масло
- За нанесување шеќер во прав
- По желба нане за декорација
За филот
- 200 гр течна павлака
- 2-3 супени лажици шеќер
- 250 гр малини
Instructions
- Во соодветен сад измешајте ги шеќерот и јајцата, до целосно растопување на шеќерот. Следно, додадете го и пресеаното брашно и добро измешајте ги состојките до добивање на хомогена смеса.
- Премачкајте плиток правоаголен сад за печење со масло и поставете хартија за печење. Врз истата се нанесува смесата за пандишпанот, се распоредува рамномерно и се пече 10-15 минути на 200-220°C. Потоа оставете го пандишпанот да се излади и отстранете ја хартијата.
- Пригответе го филот така што добро ќе ги изматите павлаката и шеќерот, а потоа кон смесата додадете ги и малините и добро измешајте.
- Врз изладениот пандишпан, рамномерно нанесете го филот и внимателно завиткајте го ролатот. Нанесете шеќер во прав врз ролатот и декорирајте со малини и свежи листови од нане, по желба.