Ролати со фил од компир – „Толку се вкусни што порачавме и трета порција, а на крај го замолив готвачот за рецепт“
Ако не сте запознаени со индиската кујна, сега е вистинското време! Денес ви претсставуваме рецепт за необично вкусни ролати од компир познати како алупатри, кои се приготвуваат многу лесно.
Ролати со фил од компир - Индиски алупатри
Ако не сте запознаени со индиската кујна, сега евистинското време! Денес ви претсставуваме рецепт за необично вкусни ролати одкомпир познати како алупатри, кои се приготвуваат многу лесно.
Servings: 4
Ingredients
За тестото
- 100 мл вода
- Половина кафена лажица сол
- 200 гр брашно
- 1 супена лажица растителен путер
- 1 прстофат куркума
За филот
- 4 средни компири
- 1 кафена лажица шеќер
- 1,5 кафена лажица сол
- По малку од омилените зачини (магдонос, копар, босилек)
- 1/4 кафена лажица кари
- 1/6 кафена лажица сомелен ѓумбир
- 1,5 кафена лажица сусам
Instructions
- Добро измијте ги компирите и сварете го заедно со нивнатакора. Оставете ги да се изладат. Потоа излупете ги и изгмечете ги. Додадете гиисечените зеленчуци, сусамот, солта, шеќерот и зачини по вкус, а потоа доброизмешајте. Филот е готов!
- Следно, измешајте ги брашното, куркумата, солта, водата ипутерот. Замесете еластично тесто и оставете го да отстои 30 минути. Обликувајтего тестото во тенок слој со дебелина од 3-4 цм и одозгора поставете гоизладениот фил, а потоа притиснете со рацете. Завиткајте го ролатот.
- Исечете го ролатот на парчиња со дебелина 1,5-2 цм инаредете ги на работна површина, на која претходно е нанесено брашно.
- Загрејте во тава 1-2 супени лажици масло и испржете гиролатите, до нивно добивање на кафеаво – златна боја.
- За кратко време, ќе имате еден купи вкусни ролати!