Руска уметничка создава магичен накит инспириран од животот во село
Тајната тегла е мистериозна работилница создадена од вештите раце на Ана. Таа вели дека животот во село ја инспирира.
Сите брошови и обетки се рачно изработени и создадени од полимер глина, органски кристали и скапоцени камења. Кутиите се украсени со пирографска техника и се чини дека се создадени за вештерки, за во нив да можат да чуваат – корен од мандрагора, билки и отровни печурки.