Руски психолог открива поради која негативна причина жените најчесто се врзуваат за еден маж
Многу мажи велат дека е невозможно да се разберат жените затоа што тие имаат своја женска логика и различен пристап кон нештата. Но, истакнатиот руски психолог Михаил Лабковски знае дека хармоничен однос со маж е возможен и остварлив за секоја жена.
Тој објаснува дека односот помеѓу мажот и жената е посебен и се разликува од сите други врски. Првото нешто што жената треба да знае кога влегува во врска е која е всушност сама таа. Ниту една жена нема да биде интересна за мажот ако не знае која е и што навистина сака.
Ако сакате да имате успешна врска, првото нешто што треба да го престанете да го правите е да се сожалувате самите себе. Само тогаш ќе сфатите колку е посебен секој на свој начин и дека без самодоверба нема да постигнете ништо. Некои жени стануваат премногу приврзани за еден маж од страв дека тој им е единствената шанса за љубов и единствената опција за партнер.
Тие се плашат дека ќе останат сами и ќе ја изгубат единствената личност со која имаат таква врска. Лабковски објаснува дека осаменоста не е недостаток на љубов, туку недостаток на лични интереси кај жената. Ако го промените целиот свој свет за некого, тоа значи дека немате свој свет.
Секој треба да работи на развивање на сопствената самодоверба за да не се доведе во ситуација да стане заложник на една токсична и нездрава врска. Ниту една жена на светот не треба да толерира некој што не го сака и да остане во врска со истиот. Ако не ви се допаѓа начинот на однесување на мажот, не треба да го оправдувате, туку треба да се почитувате и да не дозволувате никој да се однесува кон вас со непочитување.
Здравите луѓе секогаш прво се избираат себеси затоа што врската во која само едната страна се труди, може да ви донесе само стрес и психичка нестабилност. Секој конфликт во семејството, работата, љубовта или пријателството е одраз само на вашиот внатрешен конфликт со самите себе.
Затоа, не треба да се грижите само за другите, туку прво треба да се грижите за себе. Среќата не зависи од надворешните околности, туку од себе. Љубовта може да биде вистинска и правила само ако е возвратена. А тајната на среќната врска е дека нема тајни.