Рузмаринот е одличен начин да ги решите дигестивните проблеми!
Активните состојки во лисјата на рузмарин се: етерично масло, танини, горчливи материи и други. Тие помагаат за спазмолитичното, бактерицидно и антивирусно дејство на билката. Чајот од рузмарин е доста ефикасен лек против дигестивни проблеми.
Тој ги ублажува стомачните грчеви и помага при болести на желудникот и жолчката. За да си го приготвите, ставете вода во тенжере колку што ви е потребно само имајте во предвид да има 1 лажичка листови од рузмарин на 1 чаша врела вода. Процедете и пијте по 1 чаша 3 пати на ден на гладен стомак.
Ќе почувствувате промена уште по првиот ден, но за целосно олеснување на симптомите продолжете го режимот во текот на неколку последователни дена согласност со сериозноста на проблемот.