Рузмарин

Рузмаринот е една од најмоќните состојки за кои е познато дека ја подобруваат концентрацијата и меморијата.

Цвекло

Цвеклото го подобрува протокот на крв во мозокот и телото.

Јајца

Јајцата ја подобруваат нашата меморија, бидејќи тие поседуваат голем број својства кои се корисни за здравјето на мозокот.

Риба

Рибата содржи омега-3 масни киселини, кои се од суштинско значење за здравјето на мозокот.

Авокадо

Авокадото го стимулира протокот на крв во мозокот.

Боровинка

Боровинките се полни со антиоксиданси кои го штитат мозокот од стареење.

Кромид

Кромидот ја подобрува меморијата, ако се консумира во сурова форма.

Полнозрнести житарки

Тие се богати со омега-3 масни киселини и имаат висока содржина на влакна и сложени јаглехидрати, што значително помагаат за здравјето на нашиот мозок.

Домати

Доматите се богати со ликопен, кој ги штити мозочните клетки од оштетување од слободните радикали.

Зелен чај

Зелениот чај е нашироко познат по тоа што ја подобрува меморијата и мозочните способности. Пијте по 2-3 чаши на ден, за да ја подобрите концентрацијата и мозочните функции.

Црна чоколада

Темното чоколадо е полно со антиоксиданси и кофеин, кои што ја зголемуваат меморијата и концентрацијата.

Тиква

Тиквата може да направи чуда кога станува збор за зголемување на меморијата, бидејќи е богата со фолна киселина и витамин Б12.

Ореви

Оревите го зголемуваат протокот на кислород, содржат хранливи материи и омега-3 масни киселини, кои ги зајакнуваат крвните садови.

Куркума

куркума содржи куркумин, кој ја подобрува меморијата и се бори со воспаленијата.

Јаболко

Јаболката се корисни за целото тело и за општото здравје, но освен тоа, тие го одржуваат доброто здравје на мозокот.