„Сама ги пораснав двајцата синови, кои сега се лекари, а мене нема кој да ме погледне- Што да правам?“
Зачудувачки, најчесто, на човекот му е тешко да воспостави добри и нормални односи со своите најблиски. Непријатните спомени, негодувањето, чувството на должење, притисокот, причините се бројни.
Сите овие и бројни други фактори ги поттикнуваат луѓето да прават непријатни компромиси, што пак допринесува за намалување на комуникацијата и целосно одалечување од најблиските.
Во продолжение прочитајте ја исповедта на Тања, кој е соочена со огромен семеен предизвик и бара мислење за нејзината ситуација:
„Се случи така што бев принудена сама да ги одгледам моите двајца синови. Тие пораснаа во прекрасни момчиња, а притоа и двајцата решија да станат лекари, за да им помагаат на луѓето. Јас помагав колку што можев и секогаш се радував на нивните успеси.
Сега веќе сум на 80-годишна возраст. Поголемиот син кој има 54 години, работи како хирург, а помалиот, кој има 45 години, работи како забар. Иако се браќа, тие се целосно се разликуваат еден од друг. Повозрасниот се справува со животните предизвици без алкохол и цигари, додека пак помалиот е комплетна спротивност.
Додека не се оженија, наоѓаа заеднички јазик и притоа често ме посетуваа. И во ниту еден случај, никогаш се немаа скарано.
Сега треба да живеам сама. Во моите години, со инвалидидет од втор степен и мала пензија, не е воопшто лесно да се живее. Сепак мојата здравствена состојба не го загрижува никого, па дури ни моите синови.
Тие најпрво престанаа меѓусебно да комуницираат, а потоа престанаа да зборуваат и со мене. Дури и им се извинив, иако самате не разбирам зошто сум виновна. Не се случи ништо, ништо не се промени. Кога директно ќе ги прашам, и од двајцата добивам одговор дека се презафатени и дека не се должни да ми помагаат.
Јас самата нема да издржам уште долго, но срамота е при двајца синови, да барам помош од државата. Што да правам?“- вели Тања.
Што мислите вие за нејзината ситуација? Како би постапиле?