Само 1 лажица од оваа состојка и киселите краставички стануваат покрцкави и повкусни од било кога
Летото е сезона на овошјето и зеленчуците, при што повеќето се стремат да складираат што повеќе деликатеси на кои би се насладувале во зимскиот период.
Денес ви го откриваме совршениот рецепт како едноставно да ги подготвите највкусните кисели краставички, а тајната до нивното совршенство се состои во сенфот.
Кисели краставички
Потребни состојки
- 4 кг краставички
- 1 кг шеќер
- 1 л оцет
- 1 л сончогледово масло
- 1 л вода
- 6 чешниња лук
- 2 супени лажици сенф во прав
- 1 супена лажица мелен црн пипер
- 3 супени лажици сол
Начин на подготовка
Исечете ги краставиците по должина на 4 парчиња. Во одделен сад, измешајте ги солта, мелениот црн пипер и сенфот во прав.
Измешајте ја добиената смеса со краставиците. Додадете ја водата, сончогледовото масло и оцетот. Сомелете го лукот или додадете го цел во претходно измешаната смеса со краставиците. Оставете да отстои така 3-4 часа.
Распоредете и складирајте ги краставиците заедно со нивната маринада во тегли.
Поставете ги теглите на стерелизација. Процедурата треба да продолжи дополнителни 15 минути, од моментот откако водата ќе зоврие. Затворете ги теглите со капаци, а потоа свртете ги обратно, така што капаците ќе се најдат одоздола и завиткајте ги теглите во топла ткаенина за да не се брзо изладат.
Така, во неколку едноставни чекори, вашите кисели краставички ќе бидат спремни за зимскиот период!