Доколку и вие сте од оние луѓе кои го претпочитаат кравјиот путер пред растителниот, тогаш денес за вас имаме подготвено специјален трик наменет за овој млечен производ.

Како да го разликувате природниот путер од палминото масло?

Сè е што е потребно да направите е да поставите малку од купениот путер во алуминимуска фолија и така да го завиткате. Потоа, повторно одвиткајте ја фолијата.

Овој трик ќе ви овозможи да ја проверите автентичноста на путерот, односно природниот и вистински путер многу лесно ќе се издвои од фолијата, додека пак вештачките производи ќе се залепат по неа и ќе се размачкаат.