Само 3 на ден се доволни, за да имате здраво срце, нормален крвен притисок и тенка половина
Придобивките од сувите кајсии се познати долго време, бидејќи уште одамна истите имале широка примена во народната медицина.
Сувите кајсии се богати со калиумови соли, калциум, фософор, железо, натриум, магнезиум, витамини Б1, Б2, ПП, Ц и А, како и хранливи влакна. Благодарение на овој нивен моќен состав, сувите кајсии се идеално превентивно средство во борбата против многу заболувања, а исто така се користат и во козметиката и се основна состојка во многу популарни диети.
За стабилизирање на срцето
Благодарение на калиумовите соли, сувите кајсии се одлични за луѓето кои страдаат од проблеми со срцето. Овие суви плодови помагаат за значително подобрување на функцијата на срцето, нормализирање на крвниот притисок, како и за зајакнување на хемоглобинот во крвта. Според лекарите, сувите кајсии може да го стабилизираат притисокот за 15 минути.
За ја спречите појавата на срцевите проблеми, се препорачува да консумирате неколку парчиња суви кајсии на ден. Воедно, подобро е истите пред консумацијата да ги накиснете во студена вода 30 минути.
За нормализирање на дигестијата
Сувите кајсии содржат високо количество на диетални хранливи влакна и значително ја подобруваат работата на цревата. Консумирањето на суви кајсии помага отстранувањето на тешки метали од телото и го штити телото од дехидратацијата. За најефикасен резултат, консумирајте суви кајсии 20-30 минути пред вашиот оброк.
Како средство за слабеење
И покрај фактот дека кајсиите се висококалорични, тие се одлични за слабеење. Нивната тајна се состои во тоа што го намалуваат чувството на глад и подолго време ве прават да се чувствувате заситени. Притоа, ги прочистуваат цревата и го елиминираат вишокот на течности од организамот.
Со нив, неопходно е да се практикува моно диета, а треба секоја вечер да потопувате 200 гр суви кајсии во вода, а наутро да ја пиете течноста и да ги поделите плодовите на 5-6 порции и така да ги консумирате во текот на целиот ден, пиејќи истворемено обична вода или чај.