Во нашето семејство подготвуваме торта од палачинки со фил од пилешко и печурки, но не ограничувајте се – можете да користите само печурки или пак некој сладок фил. Изборот е ваш. Денес, ние ќе ви покажеме како да приготвите торта од палачинки со пилешко и печурки.

Потребно ви е:
12 тенки палачинки по вашата омилена рецепта, треба да се приближно во иста големина на садот во кој ќе се печат.

За филот:
Пилешки гради (варени или пржени)
мајонез или павлака
рендан кашкавал
печурки
1 кромид
масло за пржење

Подготовка:
Подгответе ги палачинките. Потоа обилно намачкајте ги со масло.

За филовите:
1 фил: Сварете ги пилешките гради, исече ги на ситно и измешајте со павлака, сол и црн пипер. Можете да додадете малку мајонез.
2 фил – пржени печурки со кромид.

Првата палачинка ставете на дното во садот. Наредете три палачинки околу неа, така да се покријат рабовите на садот. Потоа започнете со наизменични слоеви фил: прво пилешко, посипете го со рендан кашкавал. Потоа ставете друга палачинка, а одозгора фил од печурки, повторно посипете со рендан кашкавал. Повторете неколку пати, така што ќе добиете 5-6 слоја.

Затворете ги палачинките. Ставете на врвот неколку парчиња путер и малку кисела павлака. Печете во загреана рерна околу 20 минути, додека кашкавалот не се стопи.

Потоа покријте со чинија и внимателно, но брзо, превртете ја тортата на неа.

Се сервира на веднаш.