„Само ја нанесувам оваа домашна маска под очите и чекам, а состојките сами дејствуваат – Ем потхрануваат, ем подмладуваат“
Кожата околу очите е најтенка и најчувствителна, воедно на истата први се манифестираат ноќите без сон, диетите, неправилната исхрана и грешките при негувањето на лицето.
Како резултат на сето ова, кожата околу очите надвиснува, се појавуваат темни кругови и брчки, кои со текот на времето стануваат подлабоки, а кожата го губи нејзиниот сјај, како и еластичноста.
Но, без грижи, за овој непријатен естетски проблем има едно многу едноставно природно решение, а вашата задача е само редовно да го користите истото!
Домашна маска со белка за совршена кожа околу очите
Потребни состојки
- 1 белка
- Половина кафена лажица сок од лимон
- Половина кафена лажица сок од магдонос
Начин на подготовка и употреба
Изматете ја белката со сокот од лимон и сокот од магдонос, а добиената смеса нанесете ја врз кожата на горниот и долниот очен капак. Остатокот од маската може да го распространите и по останаиот дел од лицето. Оставете ги состојките да дејствуваат, а откако маската ќе се исуши, исплакнете со топла вода.
Оваа чудесна маска се смета за една од најдобрите домашни и природни решенија поради самиот факт што сите 3 состојки придонесуваат за моќно затегнување на кожата околу очите, правејќи ја мазна и нежна и воедно значително ја намалуваат видливоста на темните кругови.