Само неколку капки од оваа домашна смеса и мијалникот ќе биде како нов – Го одзатнува каналот и го отстранува лошиот мирис
Речиси сите ќе се согласат дека едноставно нема ништо полошо од непријатниот мирис кој произлегува од мијалникот, кога станува збор за одржувањето на чистотата на домот.
Со помош на следниот трик, односно домашна смеса, сега веќе лесно може да го решиме овој чест проблем.
Домашна смеса за чист мијалник
Потребни состојки
- Половина шолја сок од лимон
- Половина шолја сода бикарбона
Начин на подготовка и употреба
Затоплете го сокот од лимон со негово поставување во микробранова печка на 30 секунди. Кон сокот додадете ја и содата и почекајте истата бавно да се раствори. Следно, добро измешајте ги состојките со лажица.
Добиената смеса бавно исипете ја во мијалникот и оставете ја да дејствува 10 минути, а потоа измијте со топла вода. Тоа е сè, по овој домашен трик, веќе нема да се чувствува непријатен мирис во вашиот дом!