Саудиски шеик открива како за само 5 минути го решава секој проблем што го има со својата сопруга
Саудиското списание „Ал-Шарк ал-Аузат“ објави статија на истакнат проповедник, шеикот Аида Ал-Карни, во која истиот дава совети за ефикасно и брзо решавање на сите семејни конфликти.
Шеикот Ал-Карни е автор на книгата „Не биди тажен“, која за кратко време стана бестселер, преведена на 30 јазици во светот, а истата е продадена во повеќе од 10 милиони копии. За неверојатниот квалитет на книгата дури потврдија и бројни саудиски принцови и членови на кралските семејства, кои за книгата изјавиле дека ја читале повеќе пати.
Шеикот Ал-Карни во книгата зборува за суштината на методот за решавање на секој проблем што го има со сопругата, за само 5 минути.
При настанот на промовирање на книгата, тој изјави:
„Ајнштајн и Њутон не се единствените кои можат да направат големи откритија. Истокот исто така е способен за нешто. И јас направив едно откритие, а тоа се нарекува „Чудото од лекарство за семејниот живот“, а неговото практикување е клучно за семејната среќа. Многумина веќе го тестираа методот и се многу задоволни.
И така, која е суштината на мојот метод?
Доколку се расправате со вашата сопруга, обидете се да не ја заплашувате и да не го кревате тонот на вашиот глас. Не изговарајте зборови како „Молчи жено, не си во право!“ Не е ниту неопходно да седите пред телевизискиот екран и да не обраќате внимание на вашата сопруга.
Потребно е да кажете: „Се подразбира, ти си во право. Јас се покајувам пред Бог. Ти ветувам дека нема да се повтори.“ Предадете се пред неа. Наведнете ја главата и седете мирно, додека таа зборува. И во ниту еден случај не приговарајте, дури и да сте во право.
Повторете дека таа е во право и дека се каете пред Бог. Потребно е вашата сопруга навистина да знае дека се каете за караницата.
Една жена е секогаш емотивна и водена од чувствата. И по некое непишано правило, таа е помилосрдна од мажот. Таа се грижи за сите болни во семејството, дури и кога таа е болна. Таа го носи вашето дете, го храни и го чува. Таа ја дава топлината на својот сопруг и својот дом. Затоа предадете се на вашата сопруга и не се обидувајте да противречите на нејзините зборови.“