Статистиката покажува дека секоја година, сè повеќе и повеќе луѓе се жалат на појава на вишок сол при виталните органи во организамот. Причините за тоа може да бидат бројни.

Бавниот и лош метаболизам, недостатокот од физичка активност, нездравата и небалансирана исхрана, како и генетиката, се бројуваат меѓу едни од причинителите зошто во телото се акумулира вишок сол и го попречува неговото нормално функционирање.

Проблемот е тоа што вишокот на сол во организамот не се манифестира преку болка и видливи значи, при што личноста истиот го забележува многу подоцна.

За таа цел, за денес ви откриваме како да го отстраните вишокот сол од телото, користејќи народни средства, кои ќе го обноват вашиот организам!

Магдонос и лимон

За да се справите со овој непријатен проблем, ви предлагаме да приготвите ефикасен домашен диуретик, кој лесно се прави од мед, магдонос и неколку лимони.

Потребни состојки

  • 250 гр магдонос
  • 250 гр лимони
  • 300 гр топол мед

Начин на подготовка

Користејќи блендер, сомелете ги сите состојки заедно, а потоа на крај додадете мед и добро измешајте. Се препорачува ефикасниот напиток да се консумира 3 пати дневно, по една кафена лажица.

Не заборавајте да обратите внимание на вашето здравје и да проверите дали можеби се соочувате со камен на бубрезите.

Следната тинктура подеднакво ефикансо и брзо ќе ви помогне да го отстраните вишокот сол од вашиот организам.

Ореова вода

Потребни состојки

  • 40 зелени ореви
  • 5 л вода

Начин на подготовка

Отстранете ја лушпата од плодовите, поставете ги во тенџере, додадете ја водата и ставете ја смесата да се вари на тивок оган. Варете ја смесата околу 30 минути. Потоа отстранете ја од оганот и оставете ја да се излади, а потоа складирајте ја на некое темно место.

Се препорачува од оваа тинктура да се консумира половина чаша секое утро, по ручекот и пред спиење. Третманот е предвиден да трае 5 недели, а потоа да се направи 1 месец пауза.

Воедно, се препорачува да консумирате и по 5-10 свежи ореви секојдневно, кои дополнително ќе го зајакнат вашето здравје.

Важно

Тинткурите не се препорачуваат на луѓе кои страдаат од вишок јод во организамот.