Веројатно сите жени ги мразат црните точки на кожата и бараат ефикасен начин да се ослободат од нив. Ако мозолчињата и акните  ви пречат еве еден лесен начин како да се ослободите од нив.

Ова е еден рецепт за пилинг-маска за лице. Но, тоа не е вообичаена мешавина од различни состојки, се состои од само 1 компонента која буквално ја влече целата нечистотија од порите.

Ќе ви требаат:

  • 1 јајце
  • хартиени салфетки

 

  1. Одвојте ја жолчката од белката

  1. Исчистете го лицето со чиста крпа и нанесете еден слој од белката со соодветна четка

  1. Залепете ги салфетките врз целата површина на лицето

  1. Повторно нанесете слој од белката, причекајте 40-тина минути, за тоа време смесата ќе се зацврсти и ќе почувствувате затегнување на кожата на лицето

  1. Внимателно извадете ги салфетките

 

Ефектите се видливи веднаш.