Вистинската љубов може да е само мит, за некои луѓе. Приказната за еден млад брачен пар имала неочекуван пресврт во настаните. Нивната разделба не била тешка само за нив, туку и за нивниот син.

 

Адам Дејсон и Викторија Болдвин биле момче и девојка кои на млади години одлучиле да стапат во брак.  По некое време тие го добиле синот Брус, кој ги направил нивните животи уште поубави. Навидум се било совршено, се до еден момент кога ја загубиле довербата еден во друг. Тогаш решиле да се разделат, сметајќи дека тоа е единствената правилна одлука. Нивниот син тогаш имал само 3 години.

 

Нивните животи се одвоиле, започнале да живеат сами. Единствено што ги поврзувало била љубовта кон нивниот син.  Откако ја почусвствувале болката и тагата кај нивниот син тие одлучиле за момент да го вратат во времето на неговото среќно детство, кога растел со двајца родители.

 

Тие во слободно време организираат заеднички средби, каде се однесуваат како секое нормално семејство. Одат на прошетки и споделуваат фотографии, иако не се заедно и ништо не ги врзува еден за друг, Адам и Викторија се однесуваат како сите родители.  Се со цел нивниот син да се чувствува среќен и сакан.

Брус сеуште има мама и тато кои го сакаат!

Ова е пораката на Викторија и Адам, кои сметаат дека сите родители кои иако се разделени треба да одвојат време за заеднички средби како би им покажале на своите деца дека тие се неизмерно сакани. Иако ниедно дете нема право да живее со разделени родители, патиштата на возрасните некогаш се делат, но тоа не треба да биде пречка за понатамошниот живот на децата. Децата сепак ја заслужуваат сета љубов на светот!