Се роди бебето на љубовта- Откако ќе го видите неговото чело, ќе разберете и зошто
Кога Чинар Енџен дојде на овој свет, лекарите веднаш му дадоа посебен прекар, поради една уште повеќе посебна и неверојатна причина.
На денот на неговото раѓање, кога акушерката првпат го здогледала малиот Чинар, веднаш извикала: „Неверојатно! Тој е едноставно дете на љубота!“.
Кога ќе ја погледнете фотографијата од уникатното бебе, веднаш ќе ви стане сосема јасно зошто Чинар уште на првиот ден добил толку прекрасен прекар, односно тој на неговото чело има уникатен белег во форма на срце.
Во неговиот невообичаен белег се вљубиле сите присутни во болницата.
„Кога за првпат го здогледав мојот син, не можев да ги задржам солзите.“- вели неговиот татко Мурат Енџен.
Сега малиот Купидон има армија од фанови, при што луѓе од разни краеви на светот пристигнуваат специјално во Турција за да го видат посебното „дете на љубовта“ и да се фотографираат со малиот неодолив Чинар. Многумина веруваат дека белегот на детето означува дека тоа е предодредено да ги зближува луѓето.
„Веруваме дека Чинар ќе има таква дарба. Едноставно тоа е подарок испратен од небото“- додава неговиот татко Мурат.