Се сеќавате на дамата која турна мечка од оградата? Сега ќе ви објасни зошто го направила тоа!
За многу сопственици на кучиња, нивните крзнени пријатели не се само домашни миленици, туку членови на семејството, деца за кои треба да се грижите и да ги заштитите. Тие се подготвени да сторат се` за нив, дури и да се борат против мечка ако е потребно. И не, не претеруваме.
Неодамна бевме сведоци на видео кое прикажва како девојка турка мечка од оградата за да ги спаси своите кучиња. Видеото беше споделено низ сите социјални мрежи и беше прегледано 64 милиони пати на ТикТок. Тоа дефинитивно не е настан што не го гледате секој ден.
Видео-снимката е од надзорна камера во задниот двор. Клипот прикажува мечка како стои на оградата заедно со своите бебиња. Кога го забележуваат ова, кучињата почнуваат да лаат и се стрчуваат накај натрапниците.
Тогаш храбрата девојка оди директно кон мечката и ја турка од оградата. Мечката паѓа, а девојката го зема своето мало куче во рацете и бега од местото на настанот.
Станува збор за Хејли Моринико од Јужна Калифорнија, САД, а видеото го објави нејзината братучетка Бренда.
Кучињата почнале да лаат, што е нормално бидејќи нејзините кучиња често лаеле на други животни, но Хејли излегла да види за што се работи. Таа вели дека кога излегла, нејзината прва мисла била: „Ова куче е малку чудно!“ Но, таа брзо сфатила дека станува збор за мечка.
Во моментот Хејли сметала дека најдобро решение е да ја турне мечката за да не ги повреди кучињата.
За среќа, сите кучиња се добро. Самата Хејли го исчашила прстот и има модринка на коленото, но тоа е се`.
Хејли живее во планините и според неа, многу е нормално да се видат мечки како доаѓаат до куќите на луѓето, особено во лето.
Не може многу да се стори за да се спречи влегувањето на мечките. Според Хејли, „Луѓето секогаш ги заклучуваат вратите и ги затвораат гаражите, но навистина нема премногу што можете да направите за да го заштитите вашиот двор. Можете да се обидете да ги исплашите со бучава, но тоа е тоа “.
Братучетката на Хејли, Бренда, која го објави видеото, изјави дека Хејли многу ги сака своите кучиња, но семејството веднаш ја предупредило никогаш повеќе да не прави такво нешто. Мајката на девојчето се запрепастила кога го видела видеото велејќи дека е „застрашувачки да се види како нејзиното дете се бори со мечка“.
На прашањето што мисли Хејли кога самата ќе го погледне видеото таа одговори: „Кога ќе ги погледнам снимките, јас сум зачудена од тоа што го направив и од тоа колку брзо помина сè“.