„Се вљубив во 33-годишен женет маж. На почетокот сè беше совршено, но потоа започна кошмарот“
Приказната се случила од неодамна, но е за жал, честа појава во нашето секојдневие и затоа вреди да се прочита!
„Кога имав 18 години, се вљубив во оженет маж, кој во тоа време имаше 33 години. Врската ни започна постепено, а потоа прерасна во силна и нераскинлива страст.
Тоа беше сè за кое би можела да сонува девојка на мојата возраст. Тој имаше убава и ценета професија, убав автомобил и изгледаше како филмска ѕвезда- со црна коса, сини очи и неверојатно привлечно тело. Токму во тоа време, кај него започнале проблемите со неговата сопруга и тогаш живееја разделени. Всушност, таа варијанта ми се чинеше идеална, бидејќи така можеше повеќе време да ми посветува на мене.
Но, имаше еден мал проблем, за кој подоцна разбрав. Неговата сопруга и мајка ми се познавале многу добро, но тоа не ме спречи да продолжам да го сакам. Врската ни се одвиваше совршено, јас се чувствував прекрасно и бев спремна на сè за мојот единствен сакан.
Но, како велат, многу убаво, не е на убаво. Некој нè видел заедно, а потоа дознала и неговата сопруга. Таа се разбира, веднаш разбрала чија сум ќерка и кои се моите родители. И така, една пролетна вечер дојде кај нас дома. Долго разговараше со моите родители, а нејзините последни зборови беа „Кажете й на вашата ќерка да го остави мојот сопруг на мир!“
Сè уште многу добро се сеќавам на одговорот на татко ми: „Ако ќерка ми сака да е со него, а тој се откаже од неа, ништо нема да биде од нивната врска. Затоа подобро е ти да си разговараш со својот сопруг.“ Веднаш штом таа си тргна, во домот кај нас настана хаос. Мајка ми падна во хистерија- како е возможно нејзината ќерка да биде во врска со оженет маж, а згора на сè, тоа да биде сопруг на нејзина пријателка. Јас плачев и се колнев дека навистина се сакаме и за ништо на светот, не сакам да го оставам. Татко ми единствено рече дека треба да ме остават, сама да си ја сфатам грешката, надевајќи се дека некогаш ќе ми дојде умот.
По неколку седмици, јас бев матурантка и заедно со него заминавме на Сончев брег. Таму поминавме една незаборавна недела, исполнета со неверојатна страст и романтични прошетки на плажа. Чувствував дека никогаш посреќна не сум била.
Два дена подоцна, откако се вративме, ми се јави и ме покани на вечера во отмен ресторан. Јас едноставно летав во облаци. Најверојатно затоа тој и донесе одлука да се разделиме. Кога ми соопшти, како да ме облеа ладен туш. Ми кажа дека многу ме сака, но не сака да ми го уништи животот на 18, кога штотуку истиот ми започнува. Нему не му останало апсолутно ништо друго, освен да се грижи за својот син. На мене ми претстоеле најубавите години и затоа реши да ми ја даде слободата, која ми била потребна.
Следуваа најтешките месеци во мојот живот. Плачев по цели денови, не можев да спијам, а дури понекогаш и му се јавував само за да му го слушнам гласот. Ме слушаше од почит и бидејќи секогаш беше внимателен, но никогаш не ја промени својата одлука. Тој реши засекогаш да останеме разделени и да заборавиме на минатото. Јас пак верував дека не постои никој друг за мене, освен тој.
Една година подоцна, јас се омажив за човек, за кого не чувствував ништо. Сопругот имаше многу пари, скапи автомобили, беше многу внимателен со мене и ме гледаше како капка вода на дланка. Поради тоа до некаде, се чувствував добро.
Осум месеци по мојата свадба, ми се јави една пријателка и ми кажа дека го видела мојот сопруг со една девојка. Се пошегував, велејќи дека тој има многу автомобили и можеби возел негов пријател, а не тој. Но, по неколку денови и други луѓе ми го кажаа истото. Нешто ме стегна. Се почувствував повредена, дури и предадена и се прашував што да направам, како да постапам, кои зборови да му ги кажам, дали ќе биде подобро смирено да разговарам со него или да направам скандал?
Потоа еден ден, заедно со пријателката пиевме кафе во едено кафуле близу до неговата фирма. На соседната маса, до нас седнаа две девојки. Пријателката ми посочи кон една од нив, велејќи дека таа е љубовницата на мојот сопруг. Седнав малку поблиску и им го слушав разговорот на девојките.
Младата љубовница се фалеше како нејзиното постаро момче бил семеен човек, но не ја сакал сопругата. Дури се колнел дека ќе биде единствено нејзин и дека ќе живеат заедно. Станав од масата, се приближив до девојките, ја погледнав љубовницата во очи и ѝ реков: „Сè се враќа!“
Потоа, после неколку години разбрав едно: Без разлика дали си љубовница или сопруга, секогаш постојат моменти при кои се чувствуваш сама и несреќна. И се прашуваш зошто тоа тебе ти се случува. Но, решението е едно: Да постапиш така што за сопругот ќе бидеш и сопруга и љубовница и сè друго, за да никогаш не ја бара љубовта надвор од вашата врска, од вашиот брак. Само на тој начин никогаш нема да помисли на друга. Верувајте ми, возможно е. Јас во тоа успеав, си го зачував бракот, ги решивме проблемите и сега сум една среќна жена. Од срце ви посакувам и вие да бидете среќни.“