Се враќаат легендарните чипичани! Погледнете како изгледа новата верзија
Виртуелниот миленик беше прва и најомилена одговорност на секое дете од 90-те години, па затоа подгответе се бидејќи легендарните чипичани се враќаат!
„Да видиме како ќе се снајдеш со чипичанот, пред воопшто да ти земеме миленик“- најповторуваните зборови на секој родител чие дете беше горд сопственик на легендарната играчка.
Да, 23 години по изумот на јапонскиот гигант за играчки, Бандаи, чипичаните или на јапонски познати како „тамагочи“ повторно ќе го разбудат детето во секоја возрасна личности која во детството, 24/7 од времето поминувала со својот омилен чипичан.
По повод 20-годишнината, компанијата во 2017 -та година во продажба пушти ограничен број на чипичани, но во 2019-та година реши сосема играчката да ја врати на пазарот.
Чипичанот сега се враќа во нова модернизирана верзија, при што децата меѓусебно ќе можат да се поврзуваат со своите пријатели, а воедно не изостанува ни шарената палета на бои.
Играчката набрзо се појави на популарниот американски сајт за купување, Амазон, а веќе стасаа и во Велика Британија.
И додека во Англија, цената на чипичанот се движи меѓу 20 до 30 евра, во Америка, достигна цена до 54 евра, што најверојатно се должи на преголемата заинтересираност, на која секоја компанија би сакала да заработи.