Сега е вистинското време да го поставите овој домашен раствор во саксиите и да уживате во чудесниот ефект
За да ја потхраните почвата на вашите цвеќиња, не е потребно да купувате скапи и средства со пресилен хемиски ефект. За оваа цел, ефикасни ќе бидат и најобичните домашни средства, кои веќе најверојатно ги имате.
Ладната вода во која претходно сте ги вареле компирите може да ви послужи како одлично средство за наводнување на цвеќињата, а кое ќе резултира со чудесен ефект.
Хранливите материи кои се содржат во оваа течност, се неверојатно корисни за растенијата.
Исто така, доколку имате аквариум, при чистењето, може да ја употребите и водата од истиот, бидејќи остатоците од празнењата од рибите, кои содржат азот и фосфор, се фантастично природно ѓубриво.