Секогаш успева, а резултатот е траен: Маска која уништената коса ја претвора во силна и здрава
Имате оштетена коса од фарбање, сушење и пеглање? Ние ви нудиме рецепт за маска која ќе ви помогне да ја обновите и зајакнете вашата коса!
Погоден е за сите типови коса, а исто така помага и за намалување на опаѓањето. Оваа маска го стимулира растот на косата, што не треба да е чудно, со оглед дека нејзината главна состојка е квасецот.
Се применува двапати неделно, а за да се добијат максимални резултати за обновување на оштетената коса, треба да ја користите барем 2 месеци.
Резултатот од примената на оваа маска е траен и може да ја зајакне тенката и слаба коса.
Состојки:
1 лажица топло млеко
1 лажица мед
7 грама сув или 20 грама свеж квасец
Подготовка:
Во млекото се раствора медот, по што треба да го додадете квасецот. Смесата треба да стои на топло место за да ферментира околу 15 – 20 минути.
Добиената смеса се нанесува на чиста, влажна коса. Завиткајте ја со пластична кеса и крпа. Оставете да дејствува еден час (може и подолго, до 2 часа), а потоа измијте ја косата со топла вода.
Оваа маска е ефикасна, бидејќи хранливите материи се апсорбираат во фоликулите на косата и на тој начин ја јакнат оштетена коса.