Грејс е козметички бренд со седиште во Велика Британија и со својата нова уникатна и оригинална идеја наиде на лавина одобрувања и позитивни коментари.

Козметичкиот бренд се фокусира дизајните на нивните производи да бидат што попријателско настроени во однос на лицата со инвалидитет. Нивната мисија пристапноста и флексибилноста на производите за да можат и овие луѓе да ги користат, воедно е и мисија да се крене гласот и свеста дека и луѓето со инвалидитет постојат и дека не се заборавени.

Уникатната идеја на брендот се состои во нова специјализирана маскара за овие луѓе, а истата доаѓа во три различни дизајни.

Концептот на едниот дизајн се заснива на додатен дел во форма на прстен на самото шише од маскарата.

Вториот концепт е маскара со рабови различни од класичниот заоблен. Овие криви рабови ќе овозможат нејзиното полесно држење.

Третиот концепт доаѓа со поголем додатен дел прикачен на горниот дел од четката, кој ќе овозможи поголема безбедност.

Сите три маскари поединечно чинат околу 10-12 евра и се достапни на официјалниот сајт на брендот за предвремени нарачки, а во продавниците ќе бидат достапни за купување почнувајќи официјално од 3-ти Јуни оваа година.

“Одлична идеја!”, “За некој како мене што има артритис, но и страст кон шминкањето ова е брилијантно”, се само дел од коментарите што може да се прочитаат на Инстаграм објавата на бреднот за претставувањето на својот нов извонреден производ.